Структура на индексот МБИ10

1. Кратка историја за индексот

Од 01.11.2001 година Македонската Берза АД Скопје започна со пресметување на Македонскиот Берзански Индекс (МБИ), кој беше составен од петте најликвидни акции на Македонската Берза: Алкалоид АД Скопје, Европа АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, Макпетрол АД Скопје и Топлификација АД Скопје. МБИ беше ценовен, непондериран индекс, кој, како прв берзански индекс во Република Македонија, ја изврши својата функција на воведување на агрегатен показател за квантифицирање на берзанските движења.

Уште при воведувањето на МБИ во 2001 година се заклучи дека после одредено време и понатамошен развој на пазарот на капитал, Македонската Берза треба да воведе пондериран индекс. Така, со развојот на Македонската Берза се појави потребата од воведување на нов, пондериран индекс на Македонската Берза.

Од тие причини, од 04.01.2005 година беше воведен новиот Македонски Берзански Индекс (МБИ10), со чија пондерација преку пазарната капитализација се овозможува пореално прикажување на движењата на цените на Македонската Берза.
   
Пресметувањето на МБИ10 се врши согласно Методологијата за пресметување на Македонски Берзански Индекс – МБИ10. МБИ10 се состои од најмногу 10 котирани акции на Официјалниот пазар на Македонската Берза, избрани од страна на Комисијата за берзански индекс, според критериумите наведени во Методологијата. Комисијата за берзански индекс, редовно (два пати годишно) и вонредно (во случај на вонредни околности) врши усогласување на структурата на МБИ10 со состојбата на пазарот.

Комисијата за берзански индекс, одлучи за почеток МБИ10 да биде составен од обичните акции на следните 10 котирани друштва: Алкалоид АД Скопје, Топлификација АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, Макпетрол АД Скопје, Фершпед АД Скопје, Стопанска банка АД Битола, Гранит АД Скопје, Македонијатурист АД Скопје, Европа АД Скопје и Охридска банка АД Охрид. За база на МБИ10, со вредност 1.000 се зема вредноста на индексот на 30.12.2004 година.

Со отпочнувањето на пресметувањето на МБИ10, Македонската Берза престана да го пресметува индексот МБИ. На последниот ден од неговото постоење, 30.12.2004 година, вредноста на МБИ изнесуваше 1.350,23 индексни поени, што во однос на почетокот на неговото пресметување е пораст од 35%.


2. Структура на МБИ10 Индексот

 

Вид на индекс Ценовен индекс пондериран со free float пазарна капитализација
Воведен 04.01.2005
Базична вредност 1000 индексни поени
Состав најмногу 10 обични акции
Издавач Шифра Вкупно издадени акции

FF Пазарна капитализација на дaтумот

на последна ревизија во EUR ( пред прилагодувањето)

Пондери од последна ревизија
Алкалоид Скопје ALK 1.431.353 586.466.817 20,00%
Стопанска банка Скопје STB 17.460.180 35.137.266 5,29%
Гранит Скопје GRNT 3.071.377 58.360.508 8,79%
Комерцијална банка Скопје KMB  2.279.067 850.213.201 20,00%
Макпетрол Скопје MPT 112.382 109.520.120 16,49%
ТТК Банка Скопје TTK 1.033.173 19.190.306 2,89%
Македонски Телеком Скопје TEL 95.838.780 26.118.015 3,93%
Македонијатурист Скопје MTUR 452.247 15.523.243 2,34%
НЛБ банка Скопје TNB 854.061 102.091.969 15,38%
Реплек Скопје REPL 259.200 32.467.287 4,89%
                                                              
Последна ревизија 16.12.2024
Датум на имплементација 30.12.2024
Следна ревизија
15.06.2025



3. Методологијата може да ја превземете тука...