15:30 h
3.000 денари со вклучен ДДВ (во цената се вклучени материјалите од предавањата и сертификатот за учество на обука)
10% за три или повеќе пријавени лица од исто правно лице
Македонска берза - ул. Орце Николов бр.75
.png)
Кирил Јовановски e вонреден професор по Финансиски пазари и институции и Лични финансии на катедрата по финансии во рамките на Економскиот факултет од Скопје, при Универзитетот „СВ. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во текот на неговата професионална кариера има работено во повеќе домашни банки, каде се стекнува со богато искуство од областа на регулацијата и управувањето со финансиските институции, а особено на банките.
Има посетувано бројни домашни и странски семинари и конференции од областа на финансиските пазари, каде добива многу корисно практично и теоретско знаење. Дел од тоа знаење има прилика да го пренесе на своите студенти, но и на пошироката стручна јавност.
Денес е активен на сите позначајни проекти поврзани со финансискиот сектор (пазарот на капитал и банкарство), каде преку својата еспертиза допринесува за развојот на овој дел од македонската економија. Притоа бил член на одборот на директори во ЦДХВ, Фондот за осигурување на депозити, Македонска берза АД Скопје, а од 2018 година со мандат од 5 годнини од страна на Сoбранието на РСМ е избран за надворешен член на Комисијата за хартии од вредност на РСМ.
Запознавањето со поимот и основните карактеристики на пазарите на капитал, учесниците и инструментите со кои се тргува на овие пазари се темите кои ќе бидат опфатени со оваа обука. Посетителите ќе имаат можност да стекнат и да ги продлабочат своите знаења во врска со берзанското работење и концептот на вложување на пазарите на капитал, како и подетално да се запознаат со поимите акција и обврзница и предностите и ризиците од вложувањето во овие финансиски инструменти.
За кого е наменета обуката
Индивидуални инвеститори, претставници на трговски друштва, новинари, студенти и сите оние кои што професионално или лично се заинтересирани да се запознаат со основите и принципите на пазарите на капитал.
Детали за уплата
По пополнувањето на формуларот за пријава, потребно е да извршите уплата за посета на избраниот курс. Фактурата ќе биде испратена по приемот на уплатата.
Цел на дознака – уплата за посета на курс
Назив и седиште на примач – Македонска берза АД Скопје
Трансакцискa сметкa – Комерцијална банка АД Скопје 300-0000032408-06
Рок за пријавување
Рокот за пријавување на учество е најдоцна 2 (два) дена пред почетокот на обуката или до пополнувањето на групата.
Линк за регистрација https://forms.gle/cWBc9oYHhp3474DFA
Напомена
Обуката ќе се одржи доколку се пополни однапред утврдениот минимален број на учесници
Македонската берза го задржува правото на промена на датумот на одржување на обуката.За сите дополнителни информации можете да испратите e-mail на treningcentar@mse.org.mk