На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте на следниов линк.
Бестнет претставува "on line", систем за дистрибуција на берзански информации преку интернет. Програмот овозможува следење на берзанското тргување во реално време 24 часа, 7 дена во неделата. Наменет е на сите оние кои имаат потреба од брза, сигурна и веродостојна информација за случувањата на Македонската берза.
Бестнет го проследува тргувањето преку три прегледи и тоа: Статистички преглед на тргувањето, Пазар по цени и Склучени трансакции.
Статистичкиот преглед на тргувањето ги дава збирните податоци за сите истргувани хартии од вредност, класифицирани според пазарите на кои се извршиле трансакциите. Во овој преглед се имплементирани податоците за постигнатата максимална и минимална цена за одредена хартија од вредност, како и почетната и последната цена по која се нудат акциите и обврзниците и увид во номиналната цена на акциите на секое акционерско друштво. Овој преглед ги содржи и податоците за бројот на склучени трансакции за одредена хартија од вредност, количината на истргуваните акции/обврзници и остварениот промет (во денари) за секоја истргувана хартија од вредност. На крајот од прегледот се презентираат и збирните статистички податоци од сите пазари.
Прегледот Пазар по цени ги содржи количините и цените кои се нудат од куповната и продажната страна, увид во цената и количината на истргуваните хартии од вредност и просечната цена на истите. Во овој преглед се презентира и последната цена по која се склучила трансакција за дадена хартија од вредност и сите промени во цените искажани во апсолутни износи и проценти.
Во прегледот Склучени трансакции освен вообичаените показатели за склучените трансакции во текот на денот, назначени се и брокерските куќи, преку кои се одвивале истите и тоа за сите трансакции поеднинечно, како и идентификационен број под кој се регистрираат трансакциите на Берзата.
Како да станете корисник на Бест Нет?
За да станете корисник на Бестнет треба да пополните on-line апликација во која ќе ги наведете Вашите основни податоци и периодот на кој би сакале да се претплатите. Потоа треба да извршите уплата на сметката наведена во Договорот. Вашето корисничко име и лозинката за пристап ќе ги добиете на Вашата e-mail адреса, најдоцна за 24 часа од денот на уплатата, а фактурата ќе Ви биде испратена по пошта на Вашата адреса. Корисничкото време почнува да тече од денот на дистрибуирање на корисничкото име и лозинката до корисникот.
На официјалната страница на Бестнет www.bestnet.com.mk можете подетално да се информирате за можностите кои што ги нуди овој програм и доколку сте заинтересирани за користење да се пријавите со испраќање на вашите податоци на e-mail:bestnet@mse.org.mk.
МБ НЕТ
Македонската Берза АД Скопје од 2006 година го пушти во употреба својот производ МБНет. Овој производ овозможува следење на сите активности кои се случуваат на нашиот пазар. Во продолжение би сакале да ве информираме за некои детали кои се однесуват на овој производ:
1. On-line добивање на сите податоци за сите хартии од вредност кои се тргуваат на Македонската Берза АД Скопје (најдобра куповна/продажна цена, последна цена, просечна цена со апсолтна и просечна промена на просечната цена, пазарна капитализација, максимална/минимална цена во текот на денот/годината, и др.)
2. Автоматско обновување на податоците за сите промени во текот на денот на тргување
3. Моментален промет по пазарни сегменти и видови на хартии од вредност
4. Моментална вредност на МБИ - 10 со апсолутна и просечна промена
5. Увид во пазарот по налози (длабочината на пазарот по налози)
6. Увид во пазарот по цени (длабочината на пазарот по цени)
7. Увид во сите дневни трансакции
8. Следење на прекинувачките аукции преку посебен прозорец за прекинувачки акуции
9. Историски податоци за сите котирани хартии од вредност со можност за нивно графичко представување (трансакции, дневно движење на цена, сумарни податоци за ден)
10. Преглед на движењето на МБИ - 10 со можност за исцртување на графикони -приказ на сите дневни вредности или приказ само на последните дневни вредност на МБИ10
11. Софтверската апликација "МБ-НЕТ" се користи со инсталирање на работна станица "МБ-НЕТ" (која што се добива од Берзата) на персоналниот компјутер на корисникот. Корисникот е должен да обезбеди интернет конекција и статична IP адреса која ќе ја достави до Берзата. Апликацијата "МБ-НЕТ" можат да ја користат домашни и странски правни и физички лица кои немаат статус на учесник во тргувањето на МАкедонската Берза АД Скопје.
За сите подетални информации обратете се на телфон ++389 2 3122 055 или на e-mail: mse@mse.org.mk
Бестнет Аналитика
Во себе содржи повеќе алатки за техничка анализа на акции, фундаментална анализа на акции, мое портфолио. Нуди комплетно решение за следење на тргувањето со акциите на компаниите кои се тргуваат на Македонската берза како и целосно решение со кое ќе се олесни анализата на работењето на компаниите и ќе овозможи навремено и правилно носење на инвестициони одлуки.
ФУНДАМЕНТАЛНА АНАЛИЗА НА АКЦИИ
Модул дизајниран на корисникот да му овозможи фундаментална анализа на поединечна акција и компаративна анализа на показатели, стапки и билансни позиции кај повеќе компании.
Фундаменталната анализа се фокусира на откривање на тоа како функционира една компанија, како ја извршува својата дејност, каква е моменталната состојба на компанијата и нејзината позиција на пазарот и каква ќе биде иднината на компанијата. Модулот “Фундаментална анализа” на акции, нуди податоци за повеќе од 100 компании со кои се тргува на Македонската берза и во себе содржи повеќе од 70 најразлични финансиски показатели за компании и повеќе од 40 показатели за банки. Овозможува анализа на финансиските извештаи на компаниите преку следење и споредување на вредностите за последните 3 години на годишна основа, следење на резултатите по квартали, следење на податоците во денари, евра и долари, анализа на годишните промени на билансните позиции како и вертикална анализа на билансите. Покрај следење на финансискиот перформанс на компаниите, модулот прикажува податоци за исплатените дивиденди на компаниите за последните 4 години, податоци за најголемите акционери на компанијата, податоци за органите на управување на компанијата како и податоци за компаниите членки на групацијата.
Како посебен дел модулот “Фундаментална анализа” на акции преставува алатката “Стоцк сцреенер” кој овозможува избор на профилот на компанија преку едноставно филтрирање на вредностите на резултатите и показателите на компаниите со кои се тргува на Македонска берза. Едноставно решение за избор на вредности и показатели кои значително ќе го забрзаат и поедностават трагањето по солидни инвестициони опции.
Како посебен дел модулот “Фундаментална анализа” на акции преставува алатката “Стоцк сцреенер” кој овозможува избор на профилот на компанија преку едноставно филтрирање на вредностите на резултатите и показателите на компаниите со кои се тргува на Македонска берза. Едноставно решение за избор на вредности и показатели кои значително ќе го забрзаат и поедностават трагањето по солидни инвестициони опции.
Посебниот дел од модулот “Фундаментална анализа” на акции овозможува следење на перформасите на повеќе компании и нивна компаративна споредба. Компаниите во посебниот дел “Компаративната анализа” овозможува споредување и следење на поголем број на финансиски показатели, но и следење на показателите по сектори и индуструски гранки.
ТЕХНИЧКА АНАЛИЗА НА АКЦИИ
Модулот “Техничка анализа”, дел од претплатничкиот дел “Бест Нет Аналитика” се базира на графички приказ на техничките индикатори како еден од начините за примена на техничката анализа. Сетот технички показатели содржи преку 40 индикатори и осцилатори дефинирани преку нивните параметри.
Техничката анализа покрај фундаменталната анализа е еден од пристапите при донесување на инвестициони одлуки. За разлика од фундаменталната анализа кај која финансиските извештаи, условите и перспективите во индустријата и компанијата се основа за една продлабочена анализа, пазарната цена на хартијата од вредност е основа за техничката анализа. Преку перманентно вреднување на компаниите на пазарот т.е. преку анализа на пазарните цени на хартиите од вредност се добиваат корисни информации за тоа како пазарот (инвеститорите) го оценуваат досегашното работење, но многу повеќе, како ги проценуваат перспективите на компанијата во иднина. Оттука за овој пристап важна е пазарната цена т.е. условите на страната на понудата и побарувачката кои влијаат врз формирање на истата. Имено техничката анализа се фокусира на историските податоци за пазарната цена на хартиите од вредност, резултат на промените на овие пазарни сили, со цел да се воочат одредени трендови во движењето на истата т.е препознатливи шаблони кои пак од друга страна даваат можност да се процени движењето во иднина. Оваа анализа при следење на промените на страната на понудата и побарувачката ги зема предвид и ирационалните фактори како општиот сентимент на пазарот (песимизам/оптимизам) или пак момнеталната популарност на некој тип инвестиционо однесување.
МОЕ ПОРТФОЛИО
Мое портфолио овозможува следење на вложувањата, утврдување на нивната моментална вредност, пресметка на добивките/загубите на нерализираните трансакции како и пресметка на добивките/загубите од извршените тргувања. Модулот “Мое портфолио” нуди следење на изложеноста на вложувањата и полесно утврдување на ризикот од вложувањето. Со апликацијата “Мое портфолио” може да се создадат симулирани портфолија, да се следат движењата на повеќе портфолија и при тоа да се увидат најпрофитабилните хартии во портфолиото како и најпрофитабилната комбинација (изложеност) на хартии од вредност.
ПРЕТПЛАТА
Времетраењето на претплатата е минимум една година, а мо жете да се претплатите за сите три модули по следните цени:
За физички/правни лица: Годишен надоместок во износ од 18.000 денари + ДДВ
Претплатниците на БЕСТНЕТ АНАЛИТИКА добиваат попуст:
За втор корисник - 10%;
За трет корисник - 30%;
За четврт корисник - 50%;
За петти и понатамошен корисник - 70%.
За повеќе информации на следниов линк: http://www.bestnet.com.mk