1. Кратка историја на индексот
Одборот на директори на Македонската Берза на седницата одржана на 26.06.2006 година донесе Одлука за пресметување на Индекс на обврзници на Македонската Берза АД Скопје, со назив ОМБ. ОМБ ќе биде ценовен индекс пондериран со прометот, со ограничување дека уделот на ниту една обврзница во состав на индексот не смее да надминува 30%.
Индексот ОМБ се пресметува врз основа на Методологијата за пресметување на Индекс на обврзници на Македонската берза-ОМБ и е составен од котираните обврзници на Македонската берза избрани согласно критериуми наведени во Методологијата.
Почетната вредност на ОМБ е 100, на крајот на денот на тргување на 30.06.2006 година.
2. Состав на индексот
Вид на индекс
|
Ценовен индекс пондериран со прометот , со ограничување дека уделот на ниту една обврзница во состав на индексот не смее да надминува 30%.
|
Воведен
|
30.06.2006 година
|
Базична вредност
|
100 индексни поени
|
Состав
|
котирани обврзници на Македонска берза
|
Издавач
|
Назив на емисијата
|
Шифра на тргување
|
Република Македонија | Обврзници за денационализација-Осумнаесетта емисија | RMDEN18 |
Република Македонија | Обврзници за денационализација-Деветнаесетта емисија | RMDEN19 |
Република Македонија | Обврзници за денационализација-Дваесетта емисија | RMDEN20 |
Република Македонија | Обврзници за денационализација-Дваесет и прва емисија | RMDEN21 |
Република Македонија | Обврзници за денационализација-Дваесет и втора емисија | RMDEN22 |
Последна ревизија
|
16.12.2024 | |
Датум на имплементација
|
30.12.2024
|
|
Следна ревизија
|
15.06.2025
|
3. За деталите околу методологијата кликнете тука...