Постапка за прием на редовен пазар

Пазарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување е пазарниот сегмент на Берзата на кој се внесени некотираните хартии од вредност издадени од акционерски друштва со посебни обврски за известување, согласно Законот за хартии од вредност.

Берзата врши регистрација на хартиите од вредност на акционерските друштва со посебни обврски за известување на Пазарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување откако ќе добие писмено известување од страна на Комисијата за хартии од вредност за нивно внесување во Регистарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување. По извршената регистрација, Берзата ги известува членките за акционерските друштва со кои  ќе се тргува на Пазарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување.
 
Слободен пазар е пазарниот сегмент на кој се тргува со сите други хартии од вредност освен оние што се тргуваат на Официјалниот пазар и на Пазарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување.

Барањето за прием за тргување на Слободниот пазар, во писмена форма го поднесува членката на Берзата, по налог на инвеститор, кој треба да ги содржи најмалку следниве податоци:

  • назив на издавачот на хартиите од вредност,
  • матичен број на издавачот на хартиите од вредност,
  • ИСИН на хартијата од вредност,
  • видот и родот на хартијата од вредност,
  • номиналната вредност на хартијата од вредност.


Берзата, во исклучителни случаи, по свое дискреционо право може да одбие прием и регистрација на одредена хартија од вредност, доколку оцени дека со прифаќањето би се нарушил интегритетот на пазарот или би се довеле во заблуда потенцијалните инвеститори.