mTrader

mTrader - Тргувајте на Берзата преку вашиот мобилен телефон

Апликацијата mTrader e web апликација наменета за крајните корисници (клиентите на брокерските куќи и банки) која овозможува давање електронски налози за тргување преку мобилен уред. Со mTrader апликацијата доволно е да имате мобилен уред со пристап до интернет и независно каде се наоѓате, овозможува давање електронски налози до брокерите и следење на тргувањето.

Апликацијата е едноставна за користење и овозможува: 
1.    високо ниво на сигурност (единствено корисничко име и лозинка за заштита на корисниците)
2.    едноставност во пополнувањето на налогот, неговиот внес, измена или повлекување
3.    преглед на портфолиото 
4.    преглед на пазарните податоци (цена, пазарна длабочина, трансакции)
5.    следење на внес и извршување на налогот во реално време

                                              

 

Пристап до mTrader апликацијата

За да можете да ja користите mTrader апликацијата, потребно е брокерската куќа/банка да дозволи пристап на корисникот до апликацијата. Како корисник на mTrader апликацијата ги добивате следните податоци:

  • URL адреса за пристап до апликацијата
  • Корисничко име и лозинка


За повеќе детали за оваа апликација јавете се кај Вашиот брокер!