Мисија на Берзата е да обезбеди ефикасно, транспарентно и сигурно функционирање на организираниот секундарен пазар на хартии од вредност во Република Македонија, преку перманентно настојување на сите инвеститори да им обезбеди влез, односно излез од финансиските инструменти со кои се тргува на различните берзански пазари по фер пазарна цена, да им помогне на трговските друштва да привлечат нов капитал за финансирање на нивниот развој и да придонесе за градење доверба во македонскиот пазар на хартии од вредност.
Визија на Берзата претставува нејзино позиционирање во атрактивен и препознатлив секундарен пазар на хартии од вредност во Југоисточна Европа. Ваквото позиционирање на Берзата во наредниот период, како и во изминатите години, ќе се настојува да се реализира преку одржување на високи стандарди во секојдневното работење, добро корпоративното управување и адекватно управување на односите со нејзините членки, акционери и другите засегнати лица. Паралелно, ќе се продолжат и интензивираат напорите за поцврсто вклучување на Берзата во различни форми на берзански регионални интеграции, а и понатаму ќе се има предвид можноста за сопственичко поврзување со други берзи, водејќи сметка за значајно изменетиот деловен и пазарен амбиент.