Берзата изработи сервис за податоците за вредноста на уделите и приносите на отворените инвестициски фондови што се објавуваат на нејзината веб страна, каде што со класичен http request може да се пристапи до структуирани податоци за вреднувања на удели и приноси за инвестициските фондови во JSON или XML формат.
Податоците од овој нов сервис на Берзата се достапни без надомест.
За да се добиваат податоци од продуктот потребно е најнапред да се пополни формуларот за регистрација кој може да се најде на следниов линк:
По извршената регистрацијата се добива електронска порака насловена „MSE DATA FEEDS" во која е содржан линк за потврда на направената регистрација. По конфирмацијата на регистрацијата, повторно се добива електронска порака во кој ќе биде наведен и токенот за пристап до податоците. Исто така, во оваа порака е содржан и линк до деталната техничка спецификација на сервисот.
За повеќе прашања во врска со користењето на овој сервис на Берзата на следнава е-маил адреса: mse@mse.org.mk