Тикер на берзата

Една од основните карактеристики на пазарите на хартии од вредност е транспарентноста и достапноста на информации за тргувањeтo со хартии од вредност, а кои се од особено значење за постоечките и потенцијалните инвеститори во хартии од вредност.

Во таа насока Македонската берза го нуди својот продукт „Тикер„ на сите медиуми и други заинтересирани субјекти кои сакаат својата веб страница да ја збогатат со информации за движењата на цените на хартиите од вредност што се тргуваат на Берзата. Тикерот ги прикажува податоците за просечните цени на хартиите од вредност и нивната процентуална промена во однос на официјалната просечна цена постигната на претходниот ден на тргување со задоцнување од најмногу 15 минути.

Податоците од Тикерот во наредниот период ќе можат да се добијат на тестно користење со право на редистрибуција, без надомест.

За да се добиваат податоци од продуктот Тикер потребно е најнапред да се пополни форлуларот за регистрација кој може да се најде на следниов линк:

https://feeds.mse.mk/

По извршената регистрацијата се добива електронска порака насловена „MSE DATA FEEDS" во која е содржан линк за потврда на направената регистрација. По конфирмацијата на регистрацијата, повторно се добива електронска порака во кој ќе биде наведен и токенот за пристап до податоците. Исто така, во оваа порака е содржан и линк до деталната техничка спецификација на сервисот.

За повеќе прашања во врска со користењето на Тикерот на Берзата на следнава е-маил адреса: mse@mse.org.mk