Пристап до БЕСТ

Согласно Законот за хартии од вредност, услугите поврзани со извршувањето на налозите на клиентите и информирањето на клиентите за купување и продавање на хартии од вредност кое не претставува инвестиционо советување во брокерска куќа, можат да ги вршат само овластени брокери кои имаат добиено дозвола за работење од Комисијата за хартии од вредност.

Согласно Правилата за членство на Берзата, пристап до БЕСТ системот заради тргување со хартии од вредност можат да имаат само брокери со дозвола од Берзата за пристап до БЕСТ системот, вработени во членка на Берзата.

Овластен брокер се стекнува со статусот брокер со дозвола од Берзата за пристап до БЕСТ системот доколку бидат исполнети следните услови:
 

  • членката да достави доказ дека лицето има важечка дозвола за брокер издадена од Комисијата за хартии од вредност;
  • лицето да положи или да има положено посебен стручен испит организиран од Берзата;
  • членката на Берзата да достави изјава до Берзата дека сите трансакции реализирани од тоа лице во име на членката ќе ги смета за трансакции реализирани од членката и дека членката соодветно ќе одговара за тоа;
  • членката на Берзата да достави доказ дека лицето има регулиран работен однос кај членката согласно Законот за работни односи;
  • лицето да достави изјава до Берзата дека е запознаен со актите на Берзата, дека ги прифаќа и ќе ги почитува истите.


Овластен брокер не може да се стекне со статус брокер со дозвола од Берзата за пристап до БЕСТ системот доколку против него има важечка одлука со која истиот е исклучен од тргувањето поради повреда на актите на Берзата и/или интерните акти на членката.