Берзата во рамките на своите заложби за перманентен развој на македонскиот пазар на хартии од вредност, а со цел овозможување на континуирана и висококвалитетна едукација на сите пазарни учесници подготви едукативен квиз.
Квизот се состои од прашања поврзани со пазарот на капитал генерално и прашања за функционирање на Македонска берза.
Дали сте подготвени да го проверите своето знаење за пазарот на капитал?