Членката на Берзата е должна да достави известување до Берзата во случај на:
- промена и/или престанок на работен однос на директор, овластен брокер, брокер со дозвола од Берзата за пристап до БЕСТ системот и/или лицето одговорно за следење и почитување на законските и другите правни прописи и актите на Берзата;
- измена на Статутот на друштвото;
- промена на назив и/или седиштето на члената;
- податоци за отварањето, затворањето на експозитури на членката и за промени во работите што се вршат во експозитурата;
- упис на промени во трговскиот регистар;
- донесување одлука за промена на основната главнина;
- значајни судски и арбитражни спорови што произлегуваат од тргување со хартии од вредност или спорови од кои може да произлезе значајно пореметување на тековното работење на членката;
- покренување постапка од надлежен орган против членката,ограничување или одземање на согласноста за тргување со хартии од вредност од Комисијата за хартии од вредност или Народна банка на Република Македонија;
- ограничување или одземање на дозволата за работа од Комисијата за хартии од вредност на вработен во членката на Берзата;
- други облици на привремено или трајно престанување на работа на членката;изречени санкции за вработените кои произлегуваат од нивните интерни акти согласно член 7, став 3 од Правилата за членство на Берзата;
- покренување постапка на ликвидација или стечај.
Известувањата наведени погоре, членките на Берзата се должни да ги достават најдоцна во рок од 7 дена од денот на настанатите дејствија и промени.