Јавни берзански аукции
Јавна берзанска аукција во смисла на овие Процедури е постапка во која продавачот според однапред утврдени услови дава понуда за склучување на договор со кој се стекнува сопственост врз удели кои се предмет на аукцијата, при што учесниците во аукцијата согласно правилата на аукцијата меѓусебно се надаваат за прифаќање на таа понуда.
Аукциите се одвиваат на посебен берзански сегмент во рамките на електронскиот систем на тргување на Берзата.
Предмет на аукцијата можат да бидат уделите на државниот капитал кои ги продаваат овластени државни органи, врз основа на Законот за измени и дополнување на законот за приватизација на државниот капитал, како и уделите во сопственост на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија.