Услови за прием во членство

Правни лица кои можат да вршат услуги со хартии од вредност во Република Македонија се:

  • брокерски куќи 
  • овластени банки
  • подружници на странски брокерски куќи


Условите за прием на овластен учесник на пазарот на хартии од вредност во членство во Берзата се:

  • да е регистриран во трговскиот регистар како брокерска куќа, банка или подружница на странска брокерска куќа;
  • да има добиено дозвола за работење со хартии од вредност од Комисијата за хартии од вредност;
  • актите на овластениот учесник на пазарот на хартии од вредност да се усогласени со законските прописи и актите на Берзата;
  • да биде соодветно организационо и технички опремен, особено од аспект на приклучување на членката во БЕСТ системот;да биде членка на овластен депозитар за хартии од вредност;
  • да има најмалку двајца овластени брокери во редовен работен однос;
  • органот на управување на овластениот учесник со одлука да ги прифати Статутот, Правилата за челнство и другите акти  на Берзата и да се обврзе на нивно спроведување и почитување;
  • да располага со соодветна основна главнина и ликвидни средства, во согласност со Законот, како и да има соодветен коефициент на изложеност пропишан од страна на Комисијата за хартии од вредност (доколку овластениот учесник работел повеќе од една година пред денот на поднесување на барањето за прием во членство);
  • да исполнува други критериуми пропишани од Комисијата за хартии од вредност;
  • да исполнува други критериуми пропишани од Берзата со актите на Берзата.

Македонската берза е должна на секој овластен учесник на пазарот на хартии од вредност кој е регистриран во трговскиот регистар и кој ги исполнува условите за прием во членство на Берзата, како и останатите одредби од Правилата за членство, да му дозволи да стане членка на Берзата.

Одлука за прием на овластен учесник на пазарот на хартии од вредност во членство на Берзата носи Одборот на директори на Берзата.