Правилата за арбитража на Македонската берза го регулираат начинот на разрешување на споровите меѓу членките на Берзата и меѓу членките на Берзата и нивните клиенти, како и меѓу членките на Централниот Депозитар на хартии од вредност и меѓу членките на Депозитарот и нивните клиенти, на правичен, ефикасен и чесен начин.
Споровите меѓу членките на Берзата, односно членките на Депозитарот задолжително се решаваат преку арбитража.
Споровите меѓу членките на Берзата, односно членките на Депозитарот и нивните клиенти се решаваат преку арбитража единствено по барање на клиентите.
За разрешување на споровите Берзата и Депозитарот формираат Комисија за арбитража.
(Март 15, 2007 година)