Предности од котација
Под котација на хартии од вредност, се подразбира постапката на внесување на одредена хартија од вредност на официјалниот пазар согласно одредени критериуми пропишани од Берзата и обврска за редовно објавување на ценовно чувствителни финансиски и нефинасиски информации и податоци во јавноста.
Трговските друштва, со изградени перформанси и јасно утврдени развојни цели, кои преферираат дополнителен капитал и широк круг на инвеститори, котираат на официјалниот пазар на Берзата. Со котацијата на акциите на Берзата, управата на друштвото праќа јасна порака до потенцијалните инвеститори дека друштвото го управува транспарентно. На тој начин, друштвото се обврзува дека континуирано ќе ја известува јавноста, за сите релевантни активности и проценка на финансиската позиција, со што ги изложува перформансите на друштвото на јавна проценка.
Друштвата кои котираат на официјалниот пазар остваруваат повеќе користи од котацијата и тоа:
• Можност за прибирање нов капитал со емисија на нови хартии од вредност,
• Повисок рејтинг и углед на друштвото,
• Зголемена ликвидност и пазарно формирање на цената на акциите,
• Зголемување на вредноста на друштвото и можност за дневна проценка на вредноста на друштвото,
• Поефикасна заштита на инвеститорите, издавачите и малите акционери,
• Поефикасно спроведување на принципите на корпоративно управување,
• Поедноставен пристап и до странските берзи.
Посебни услови за котирање на акции
1.
|
Вистинитост и објективност на финансиските
извештаи
|
ревидирани финансиски извештаи за последните три години
|
2.
|
Финансиски резултати
|
остварена добивка најмалку во последните три години
|
3.
|
Капитал
|
најмалку 10.000.000 евра
|
4.
|
Распространетост на родот на акциите во јавноста
|
најмалку 20%
|
5.
|
Број на акционери
|
најмалку 200
|
6.
|
Интернет страница
|
Издавачот треба да поседува сопствена интернет страница, на Македонски и Англиски јазик
|
a)
|
стекнатите сопствени акции издадени од друштвото |
б) | акциите во посед на позначителни акционери со 5% или над 5% сопственост на родот на акции, освен акциите во посед на отворен или затворен инвестициски фонд (здружени парични средства наменети за заедничко инвестирање) вклучувајќи ги и приватните пензиски фондови |
в)
|
акциите во сопственост на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија доколку поседува 5% или над 5% од родот на акциите |
1.
|
Вистинитост и објективност на финансиските
извештаи
|
ревидирани финансиски извештаи за последните две години
|
2.
|
Капитал
|
најмалку 5.000.000 евра
|
3.
|
Распространетост на родот на акциите во јавноста
|
најмалку 10%
|
4.
|
Број на акционери
|
најмалку 100
|
a)
|
стекнатите сопствени акции издадени од друштвото |
б)
|
акциите во посед на позначителни акционери со 5% или над 5% сопственост на родот на акции, освен акциите во посед на отворен или затворен инвестициски фонд (здружени парични средства наменети за заедничко инвестирање) вклучувајќи ги и приватните пензиски фондови |

Номинален Капитал
|
најмалку 1.000.000 евра
|
3.
|
Распространетост на родот на акциите во јавноста
|
најмалку 1%
|
4.
|
Број на акционери
|
најмалку 50
|
a)
|
стекнатите сопствени акции издадени од друштвото |
б)
|
акциите во посед на позначителни акционери со 5% или над 5% сопственост на родот на акции, освен акциите во посед на отворен или затворен инвестициски фонд (здружени парични средства наменети за заедничко инвестирање) вклучувајќи ги и приватните пензиски фондови |
в)
|
акциите во сопственост на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија доколку поседува 5% или над 5% од родот на акциите |
1.
|
Вистинитост и објективност на финансиските
извештаи
|
ревидирани финансиски извештаи за последната година
|
2.
|
Капитал
|
најмалку 250.000 евра
|
Посебни услови за котација на должнички хартии од вредност
1.
|
Вистинитост и објективност на финансиските извештаи
|
ревидирани финансиски извештаи за последните три години
|
2.
|
Вкупна номинална вредност на реализирана емисија
|
најмалку 500.000 ЕВРА
|
3.
|
Процент на обврзници во јавноста
|
најмалку 25%
|
4.
|
Број на сопственици на обврзниците
|
најмалку 50
|
1.
|
Вистинитост и објективност на финансиските
извештаи
|
ревидирани финансиски извештаи за последните две години
|
2.
|
Капитал
|
најмалку 5.000.000 евра
|
3.
|
Вкупна номинална вредност на реализирана емисија
|
најмалку 500.000 ЕВРА
|
Условите кои треба да се исполнат за котација на официјалниот пазар на Берзата важат, како за издавачи кои првпат бараат котирање, така и за издавачи чии акции се веќе котирани на Берзата. Берзата може во конкретни случаи да поставува и дополнителни услови за котација како и посебни услови за котација на некој од пазарните подсегменти на берзата. Берзата во исклучителни случаи може да прифати на котација на Официјалниот пазар и издавачи со помала големина на капиталот, помал број на акционери или помал процент на акции во посед на јавноста од пропишаните, доколку оцени дека пазарните карактеристики на издавачот тоа го овозможуваат и дека има потенцијал за тргување со хартиите од вредност за кои се бара котација.