Членка на Берзата треба континуирано да ги исполнува следните услови:
- да има дозвола за работа со хартии од вредност од Комисијата за хартии од вредност;
- да ги усогласува своите акти со законските прописи и актите на Берзата;
- да одржува соодветно ниво на организациона и техничка опременост, особено од аспект на непречено приклучување на членката во БЕСТ системот;
- да биде членка на овластен депозитар за хартии од вредност;
- во секое време да има вработено најмалку двајца брокери со дозвола од Берзата за пристап до БЕСТ системот во редовен работен однос;
- во секое време да располага со соодветна основна главнина и ликвидни средства, во согласност со закон, како и да има соодветен коефициент на изложеност пропишан од страна на Комисијата за хартии од вредност;
- да го одржува својот интегритет;
- во случај на членка-брокерска куќа, да не се занимава со ниедна друга дејност освен со тргување со хартии од вредност и други активности сврзани со тргувањето со хартии од вредност;
- да има воспоставено и да одржува интерни системи и механизми за ефикасно, правилно и одговорно работење, особено во поглед на актите со кои се уредува работењето со клиенти, чувањето на деловна тајна, начинот на спречување на злоупотреба на информации кои не се достапни на јавноста, контролни процедури за работењето и др.;
- да ги исполнува сите барања за членство што може повремено да ги постави Берзата;
- редовно да ги подмирува обврските од надоместоците утврдени во Тарифникот за висината на надоместоците на Берзата.