Листа за набљудување

Согласно член 57 и 61-а од Правилата за котација предвидено е воспоставување на „Листа за набљудување“, што јавно се објавува на веб страната на Берзата.
На „Листата за набљудување“ се внесуваат издавачи кои котираат на Официјалниот Пазар поради:
а) изречена мерка од страна на Берзата - во случаи на посериозно непостапување од страна на издавачот согласно барањата утврдени во Правилата за котација;
или
б) обрнување на внимание на инвеститорската јавност за определени актуелни состојби поврзани со конкретниот издавач - во случаи на поспецифични ситуации поврзани со хартиите од вредност или со работењето на издавачот. Обрнувањето на внимание на инвеститорската јавност е механизам за комуникација со инвеститорите на македонскиот пазар на хартии од вредност и нивно дополнително информирање дека кај одредено котирано друштво се настанати поспецифични околности што треба да се имаат предвид при донесувањето на инвестициски одлуки при тргувањето со конкретни хартии од вредност.


Внесувањето на котираните друштва на „Листата на набљудување“ се прави согласно член 57, односно 61-а од Правилата за котација, како мерка спрема котираните друштва или со цел обрнување внимание на инвеститорската јавност, респективно.
За внесување, односно отстранување од „Листата за набљудување“ одлучува Одборот на директори на Берзата врз основа на анализа на исполнувањето на обврските на котираните издавачи согласно Правилата за котација и направените објави на СЕИНет од нивна страна и други информации што и стојат на располагање на Берзата.
Хартиите од вредност на котираниот издавач што е внесен на „Листата за набљудување“ остануваат котирани на пазарниот сегмент каде што се примени за котација.

ЛИСТА ЗА НАБЉУДУВАЊЕ:

ИЗДАВАЧИ СО ПОСЕРИОЗНИ НЕПОСТАПУВАЊА ВО ОДНОС НА ИСПОЛНУВАЊЕТО НА ОБВРСКИТЕ ПО ПРАВИЛАТА ЗА КОТАЦИЈА
Датум на внесување Издавач Шифра на ХВ Основ за внесување Причина за внесување
/ / / / /
ИЗДАВАЧИ СО ПОСПЕЦИФИЧНИ СИТУАЦИИ И НАСТАНИ ПОВРЗАНИ СО ХАРТИИТЕ ОД ВРЕДНОСТ ИЛИ НИВНОТО РАБОТЕЊЕ
Датум на внесување Издавач Шифра на ХВ Основ за внесување Причина за внесување

11.11.2020

ЖАС АД Скопје 

ZAS

член 61-а од Правила за котација

• објава на издавачот дека нема деловна активност
• објава на издавачот дека има блокирана банкарска сметка 

11.11.2020

РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје

RZIT

член 61-а од Правила за котација

објава на издавачот дека има блокирана банкарска сметка

11.11.2020

Стокопромет АД Скопје

STOK

член 61-а од Правила за котација

објава на издавачот дека има блокирана банкарска сметка

12.08.2022

Неметали Огражден АД Струмица

NEME

член 61-а од Правила за котација

донесена одлука за преобразба на друштвото во д.о.о

11.06.2025

Оранжерии Хамзали АД Струмица

ORAN

член 61-а од Правила за котација

донесена одлука за преобразба на друштвото во д.о.о.

17.07.2026

Факом АД Скопје

FAKM

член 61-а од Правила за котација

поведена претходна постапка заради утврдување на постоење услови за отворање на стечај