На 4-ти мај во Охрид во организација на Македонската берза АД Скопје се одржа деветнаесеттата годишна конференција на Берзата. Овој настан на едно место ги обедини претставниците на финансискиот сектор и индустријата на хартии од вредност, котираните компании и другите друштва, државните институции и универзитетите и сите останати субјекти чија дејност е поврзана со работењето или инвестирањето во хартии од вредност.
Конференцијата со воведно обраќање ја отвори Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска берза АД Скопје.
Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска берза АД Скопје
Говорот на директорот Штериев можете да го преземете на следниов линк
Официјалниот дел од конференцијата започна со доделување на наградата „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентни котирани акционерски друштва за 2017 година и награда за овластени учесници на македонскиот пазар на хартии од вредност.
Македонската берза ја додели наградата „Кристално ѕвоно“ на трите најтранспарентни котирани акционерски друштва за 2017 година и тоа:
Алкалоид АД Скопје – I место
Комерцијална банка АД Скопје – II место
Македонски Телеком АД Скопје – III место
За остварувањата коишто овластените учесници на македонскиот пазар на хартии од вредност ги имаа постигнато во вкупниот промет и вкупниот број на трансакции реализирани на берзата во текот на 2017 година беа наградени:
Илирика Инвестментс АД Скопје, за освоено прво место
Комерцијална банка АД Скопје, за освоено второ место
НЛБ Банка АД Скопје, за освоено трето место
Начинот на рангирање на овие учесници околу овој избор можете да го преземете на следниов линк.
Работниот дел на овогодинешниот настан започна со интервјуто на бина со Драган Тевдовски, Министер за финансии во Владата на Република Македонија. Министерот во своето излагање истакна дека треба да се развива crowdfunding – от како можност за финансирање, која зема замав во светот и во Европа. Исто така ги посочи и новите закони за пазарот на капитал. Целта на законите е нивно усогласување со ЕУ регулативите. Новите закони се разгледувани и од страна на Советот за развој на капитал. Тевдовски во интервјуто говореше и за системските политики насочени кон отворање на нови и подобро платени работни места, поттикнување на инвестициите како домашни, така и странски, поттикнување на соработка помеѓу домашните и странските компании и прогрес во евроатланските интеграции.
Драган Тевдовски, Министер за финансии во Владата на Република Македонија
Овогодинешната конференција продолжи со панел дискусија со тема “Макроекономски трендови – што да очекуваат економските субјекти и инвеститори” каде свои ставови и мислења разменија Кире Наумов, Заменик министер, Министерство за економија на Република Македонија, Трајко Славески, Редовен професор, УКИМ, Економски факултет Скопје, Фатмир Бесими, Вонреден Професор, ЈИЕ, Факултет за бизнис и економија и Zdeslav Šantić, Главен економист, ОТП банка Хрватска.
Панел I: Макроекономски трендови – што да очекуваат економските субјекти и инвеститори
Втората панел дискусија беше “Дали на регионалните пазари на капитал им треба развојна стратегија?“ каде своите ставови ги изложија Иван Штериев, Главен извршен директор, Македонска берза, Tanya Konidarias, Senior Securities Market Specialist, IFC, Benjamin Jošar, President of the Management Board, Triglav Skladi и Dimitar Koychev, Director of International cooperation directorate, FSC Bulgaria. Во рамките на овој панел видео презентација имаше Filip Keereman, Head of Unit, European Commission.
Панел II: Дали на регионалните пазари на капитал им треба развојна стратегија?
Модератор на целиот настан беше Младен Чадиковски, ТВ24, Скопје.
Во рамките на конференцијата беа одржани повеќе презентации и тоа:
- Динамиката на европските пазари на акции - Miroslav Jurisić, Член на Управен одбор, Erste Asset Management
- Идни предизвици и мегатрендови во финансиските услуги - Josina Kamerling, Head of regulatory outreach for CFA Institute for EMEA region
- Акциите од Централна и Источна Европа во глобалното портфолио -можност за инвестирање преку ETF-ови - Dilyana Todorova, Портфолио менаџер, Expat Capital, Бугарија
- Регионална платформа за интегрирана аналитика на податоци од Западен Балкан - Дејан Дамјановиќ, Директор, Реактив Македонија
- Портал за електронски пристап на инвеститори и издавачи на хартии од вредност- Ленка Цветковска, ИТ Директор, ЦДХВ Скопје
- Безбедно во дигиталната трансформација - Претставник од КИБС