Рекламирајте се

Македонска берза АД Скопје нуди можност за рекламирање на нејзината интернет страница, како максимално релевантна за сите кои веќе инвестирале или планираат да инвестираат на пазарот на хартии од вредност, како и за оние кои од лични или професионални причини ги следат берзанските случувања.

Според резултатите на Google Analytics, од почетокот на 2011 година, на берзанската интернет страницата има регистрирано над 200.000 посети, односно околу 42.000 единствени посетители. Овие бројки беа уште поголеми во периодот на берзанскиот бум од пред неколку години, а имајќи го предвид цикличниот карактер на пазарните движења, за очекување е во иднина бројот на посетители на интернет страницата на Берзата да има нагорен тренд.

На заинтересираните за рекламирање на интернет страницата на Берзата им нудиме 9 позиции за рекламирање, од кои, само позицијата 1 се појавува на сите страници. 


 

Рекламирањето на интернет страницата на Берзата се врши во согласност со ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА КОМЕРЦИЈАЛНО ОГЛАСУВАЊЕ НА ОФИЦИЈАЛНАТА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА НА МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД СКОПЈЕ

 

За повеќе информации може да се обратите на следната е-маил адреса: karolina@mse.org.mk

Македонската берза го задржува правото да одбере со која компанија ќе склучи договор за откуп на рекламен простор, земајќи ја предвид дејноста на компанијата и видот на рекламата.