Јавна опомена за котираното друштво Вабтек МЗТ АД Скопје
четврток, 29 мај 2025

Ве известуваме дека донесена е одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на друштвото Вабтек МЗТ АД Скопје, котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација на Македонска берза АД Скопје, поради необјавување на целосни материјали за собранието на акционери во рок од два дена од свикувањето на седницата на собранието на акционери на ден 25.04.2025 година, со што издавачот не постапи согласно член 39, став 5 од Правилата за котација.