Македонијатурист изврши промени во органите на управување и донесе Одлука за откуп на сопствени акции
вторник, 22 април 2003
Согласно Договорот за котација, Македонијатурист АД Скопје, известува за следните промени извршени на седницата на Собрание на акционери:
1.Во органите на управување на друштвото извршена е промена, така што се избрани нови членови на Надзорниот Одбор со мандат од 5 години и тоа: проф. д-р Тито Беличанец; проф. д-р Тихомир Јовановски; Љупчо Поповски; м-р Верица Хаџивасилева Марковска и Ѓоко Самарџиев.
2.Донесена е Одлука за поништување на 1.600 сопствени акции.
3.Донесена е Одлука за купување, определување на постапката за купување на 10.000 сопствени акции и постапување со нив.