Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на друштвата Вабтек МЗТ АД Скопје и ГТЦ АД Скопје, котирани на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација на Македонска берза АД Скопје.
На друштвото Вабтек МЗТ АД Скопје поради необјавување на ревидирани финансиски извештаи за 2023 година, заедно со годишниот извештај за работењето за 2023 година, усвоени од Собранието на акционери на друштвото во пропишаниот рок со Правилата за котација, со што не постапи согласно член 40, точка 1 од Правилата за котација.
На друштвото ГТЦ АД Скопје необјавување на одлуките донесени од Собранието на акционери на друштвото, најдоцна до почетокот на тргувањето на првиот следен ден на тргување после денот на нивното донесување, со што не постапи согласно член 39, став 7 од Правилата за котација.
Јавна опомена за котираните друштвa Вабтек МЗТ АД Скопје и ГТЦ АД Скопје
понеделник, 12 август 2024