вредност трае веќе половина година; глобалните финансиски пазари се крајно нестабилни поради што престанаа да шират позитивна енергија од која во изминатите години се хранеше и растеше и нашиот регион; геополитичката ситуација во регионот е комплексна; Република Македонија, за жал, не доби покана за прием во НАТО што имаше свое влијание на очекувањата на инвеститорите...
Од друга страна, состојбите на Берзата ни во најлошото можно сценарио не можат да се вратат на позициите од пред три-четири години - нивото на просечниот промет од околу 50 милиони денари (иако значително помало од ланскиот просек) е каде-каде поголемо од вообичаеното пред долгата македонска берзанска пролет; иако цените на најликвидните акции, мерено преку индексот МБИ 10 (кој деновиве изнесува околу 6.000 поени) се вратија на нивото од Април 2007 година, не треба да заборавиме дека МБИ 10 почна да се пресметува на почетокот на 2005 година со базна вредност од 1000 индексни поени; дефинитивно е создадена критична маса на домашни индивидуални и институционални инвеститори; странските инвеститори се значајно присутни во капиталот на котираните компании, а тие во 2007 година прикажаа многу поголема агрегирана добивка во споредба со 2006-та.
Почитувани дами и господа, на панелите кои што ќе имате прилика да ги следите во наредните два конференциски дена ќе се дискутира за повеќе актуелни прашања кои што го преокупираат македонскиот пазар на хартии од вредност...
На овогодишната конференцијата, Македонската берза за прв пат ќе додели две награди кои што планираме да станат традиционални – наградата за најтранспарентно котирано друштво “Кристално ѕвоно” и наградата за најдобар академски истражувачки труд од областа на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија...
На пазарот деновиве му требаат добри вести. Затоа, ако дозволите, повеќе би се осврнал на позитивните карактеристики на македонскиот пазар на хартии од вредност и на неговите потенцијали.
Светските искуства покажуваат дека на среден и долг рок, одлучувачки фактор кој ги определува цените на хартиите од вредност на берзите се сегашните оперативни и финансиските перформанси на самите компании и нивните идни перспективи.
Сите други околности немаат директно влијание на работењето на акционерските друштва, туку, пред сé, влијаат на временската динамика на ценовните амплитуди на пазарот...
|
|
Пазарниот сентимент е сé уште позитивен, иако не и еуфоричен, што во крајна линија е добар развој. Во деновите на поголемите ценовни падови во изминатиот период, прометот на Берзата беше сосема задоволителен и не беше забележана нагласена пазарна нерамнотежа, што укажува на позрела фаза на функционирање на Берзата...
Иако податоците од март покажуваат дека е регистриран нето одлив на странските портфолио инвеститори во тргувањето на Берзата (20% купување, наспроти 50% продавање) суштествениот податок е дека странците се „влезени” во капиталот на сите котирани компании со 30,9% (наспроти 16,3% на крајот на првиот квартал на 2006 година и 25,3% во 2007 година)...
Берзата и случувањата на неа се сé повеќе поврзани со случувањата на регионалните и глобалните пазари на капитал. Не сме веќе изолирани и автархични што, во принцип, е нов и значаен квалитет, иако во периодите на светски и регионални турбуленции ова значи дека ќе имаме увезени екстерни шокови на пазарот. Но, позитивните влијанија од поголемата интеграција на нашиот пазар со странските пазари сигурно ќе се почувствуваат во блиска иднина.
Трендот на ударно медиумско покривање и поголемиот квалитет на анализите за берзанските случувања е очигледен. Берзата го зазема своето место во финансискиот и општествениот живот и е во постоен фокус на јавноста. Тоа прави позитивен притисок и врз компаниите и врз другите учесници на пазарот при носењето на секојдневните бизнис одлуки...
Фондовската индустрија во Република Македонија конечно започна да функционира што, од една страна, ќе има стабилизирачко дејство на пазарот во услови на понагласени ценовни осцилации, а од друга страна, ќе биде катализатор за развој на примарниот пазар – алката која недостасува.
Новите емисии на хартии од вредност по пат на јавна понуда и новите котации на Берзата се чинат поизвесни...
Почитувани дами и господа, моето воведно обраќање би сакал да го завршам со нашата веќе традиционална порака.
УСПЕХОТ НА БЕРЗАТА Е УСПЕХ НА ЦЕЛАТА ЕКОНОМИЈА. И ОБРАТНО.
Ви благодарам на вниманието и ви посакувам успешна работа на нашата конференција.
(Прочитајте го целото обраќање на
г. Иван Штериев.)
|
|
|
|
Панел 1: Берзанска 2008 наспроти 2007: која ќе победи?
|
|
Панел 5: Зајакнување на понудата на пазарот на хартии од вредност: иницијална јавна понуда на ХВ, јавна понуда на ХВ, нови приватизации
|
|
Деветта годишна конференција на Македонска берза, Охрид, 2008 |
|
Наградата за најдобар академски истражувачки труд од областа на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија и чекот од 60.000 денари ги доби Викторија Атанасовска
|
|
Наградата “Кристално ѕвоно” за најтранспарентно котирано друштво ја доби Комерцијална Банка А.Д. Скопје
|
|