Јавна опомена за котираното друштво Единство АД Струмица
четврток, 09 август 2018

На седницата одржана на 19.06.2018 година Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на Единство АД Струмица, котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација на Македонска берза АД Скопје заради необјавување на известување дека неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2017 година ќе ги објави најдоцна до 15.03.2018 година, необјавување на јавен повик за свикување Собрание на акционери, како и необјавување на одлуки од Собрание на акционери, односно на ценовно чувствителна информација за неодржано Собрание на акционери.