Согласно точка 6.03 од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 08.07.2008 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на:
-90 сопствени обични акции по цена од 6.600 денари за една акција, преку 1 трансакција;
На 08.07.2008 година Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на:
-20 сопствени обични акции по цена од 34.000 денари за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 08.07.2008 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Комерцијална банка АД Скопје – 305 обични акции,
-Гранит АД Скопје – 326 обични акции,
-Макпетрол АД Скопје – 50 обични акции.
Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
среда, 09 јули 2008