Согласно денес објавеното Известување во врска со намерата за преземање на Макпетрол АД Скопје известуваме дека до Берзата е доставено полномошно со кое лицето Петар Стојановски се ополномоштува да настапува во име на друштвото Balkan Petroleum Holding Limited. Оттаму, Берзата согласно член 22, став 3, од Законот за преземање на акционерски друштва ја објави Намерата за преземање на Макпетрол АД Скопје. До Намерата за преземање можете да пристапите преку следниот линк.
Објавена Намера за преземање на Макпетрол АД Скопје
четврток, 09 јуни 2016