Известување во врска со Намера за преземање на Макпетрол АД Скопје
четврток, 09 јуни 2016
На 09.06.2016 година во дневниот весник „Утрински весник“, на страна 19, е објавена Намера за преземање на Макпетрол АД Скопје од страна на друштвото Balkan Petroleum Holding Limited од Лондон, Велика Британија, по цена од 25.908 денари за една акција, преку ополномоштено лице Петар Стојановски. Во објавата е наведено дека истата е направена согласно член 22 став 1 од Законот за преземање на акционерски друштва.
 
Допис со иста содржина е доставен и до Македонска берза АД Скопје. Со цел постапување согласно Законот за преземање на акционeрски друштва, но истовремено имајќи предвид дека со добиениот допис не е доставено соодветно полномошно врз основа на коешто би се утврдил легитимитет на ополномоштеното лице да настапува во име на друштвото Balkan Petroleum Holding Limited, Берзата за истото ја извести Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.