Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 08.10.2019 година донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од АД УТТ Македонија Битола, поради преобразба на друштвото во друштво со ограничена одговорност.
Акциите издадени од АД УТТ Македонија Битола ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на Берзата (Задолжителна котација), почнувајќи од 10.10.2019 година (Четврток).