Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 09.01.2009 година донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од Инвестбанка АД Скопје, согласно член 9.05 точка 2 подточка г) од Правилата за котација на Македонската берза АД Скопје.
Одборот на директори на Македонската берза констатира дека, по успешното преземање на банката од страна на Steiermärkische Bank und Sparkassen AG, од Грац, Австрија, Инвестбанка АД Скопје веќе не ги исполнува посебните услови за котација на Официјалниот пазар на Македонската берза во поглед на бројот на акционери и минималната распространетост на родот акции во посед на јавноста.
Македонската берза АД Скопје имаше успешна соработка со Инвестбанка АД Скопје како котирано друштво на подсегментот Супер котација на Официјалниот пазар на Берзата во поглед на исполнувањето на постојаните обврски за известување на јавноста пропишани со Правилата за котација.
Акциите издадени од Инвестбанка АД Скопје ќе бидат префрлени на Редовниот пазар на Македонската берза на подсегментот Пазар на јавнопоседувани друштва почнувајќи од 12.01.2009 година (Понеделник).