Согласно точка 6.03 од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 07.07.2008 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на:
-100 сопствени обични акции по цена од 6.500 денари за една акција, преку 2 трансакции;
-20 сопствени обични акции по цена од 6.600 денари за една акција, преку 1 трансакција;
На 07.07.2008 година Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на:
-40 сопствени обични акции по цена од 34.000 денари за една акција, преку 2 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 07.07.2008 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Комерцијална банка АД Скопје – 145 обични акции,
-РЖ Економика АД Скопје – 20 обични акции,
-Гранит АД Скопје – 269 обични акции,
-РЖ Институт АД Скопје – 5 обични акции,
-Макстил АД Скопје – 477 обични акции,
-РЖ Услуги АД Скопје – 175 обични акции,
-РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 21 обични акции.
Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
вторник, 08 јули 2008