Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на друштвото Тајмиште АД Кичево, котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација на Македонска берза АД Скопје, поради необјавување на неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2022 година, со што издавачот не постапи согласно член 40, точка 3, алинеја 2 од Правилата за котација.
Јавна опомена за котираното друштво Тајмиште АД Кичево
четврток, 08 јуни 2023