На 4-ти мај 2012 година во Скопје се одржа 13-тата по ред годишна конференција на Македонската Берза. И оваа година конференцијата беше место на кое бројни претставници на финансискиот сектор и индустријата на хартии од вредност во Република Македонија, котираните компании, државните и регулаторни институции, како и експерти од областа на хартии од вредност дискутираа за актуелните состојби и ги анализираа трендовите на пазарот на капитал во земјата и пошироко.
Конференцијата беше отворена со воведните обраќања на Заменикот на Претседателот на Владата на РМ и Министер за финанасии на РМ, М-р Зоран Ставрески, Гувернерот на Народната банка на РМ, М-р Димитар Богов и Главниот извршен директор на Македонската берза, г-дин Иван Штериев.
Министерот за финансии Зоран Ставрески Гувернерот на НБРМ Димитар Богов Главен извршен директор на М. берза Иван Штериев
Говорот на Гувернерот Богов можете да го преземете на следниов линк.
Говорот на Директорот Штериев можете да го преземете на следниов линк.
Во текот на работниот дел на конференцијата, низ организирани дебати и панел дискусии, можеа да се чујат размислувањата на реномирани домашни и странски експерти во врска со глобалните и локални макроекономски состојби и нивната рефлексија на пазарите на капитал, иднината на бизнис-моделите на берзите, како и нивните видувања за значењето и улогата на пост-трговската инфраструктура во националното и прекуграничното тргување со хартии од вредности. Присутните имаа можност да ги проследат говорите и презентациите на директорите на берзите во Турција, Словенија и Бугарија, директорот на Централниот депозитар за хартии од вредност на Хрватска, Главниот извршен директор за стратешки инвестиции во инвестициската банка Морган Стенли и Главниот консултант одговорен за берзански солуции од NYSE Euronext.
Панел дискусии
Во рамките на 13-та Годишна конференција на Македонската берза, Претседателот и Главен извршен директор на Инстанбулската берза г-дин Ибрахим Турхан и Главниот извршен директор на Македонската берза г-дин Иван Штериев потпишаа Меморандум за разбирање. Главната цел на овој Меморандум е продлабочување и унапредување на веќе воспоставената соработка помеѓу двете берзи.
Потпишување на Меморандумот за разбирање
Потпишувањето на овој Меморандум претставува израз на заеднички интерес и волја на двете берзи за воспоставување поблиска билатерална соработка во повеќе области: размена на информации помеѓу двете берзи, промоција на националните пазари преку организирање на заеднички настани, размена на искуства и know-howоколу тргувањето со хартии од вредност и надзорот над тргувањето, котацијата, утврдувањето и порамнувањето.
Потпишувањето на овој Меморандум претставува израз на заеднички интерес и волја на двете берзи за воспоставување поблиска билатерална соработка во повеќе области: размена на информации помеѓу двете берзи, промоција на националните пазари преку организирање на заеднички настани, размена на искуства и know-howоколу тргувањето со хартии од вредност и надзорот над тргувањето, котацијата, утврдувањето и порамнувањето.
Македонската берза по петти пат ги додели признанијата за најтранспарентно котирано друштво на Македонската берза – “Кристално ѕвоно“ и за најдобар научно-истражувачки труд од областа на пазарот на хартии од вредност.
Наградата “Кристално ѕвоно“ ја доби Алкалоид АД Скопје, а добитник на наградата за надобар истражувачки труд од областа на пазарот на хартии од вредност беше г-нот Милан Елисковски.