Алумина АД Скопје
вторник, 08 април 2003
На седницата на Собрание на акционери на АД “Алумина“ Скопје, одржана на 05.04.2003 годин, е усвоена Годишната сметка за 2001 и 2002 година. Во Годишната сметка е искажан негативен финансиски резултат во работењето на ова друштво и тоа: во 2001 година е остварен негативен финансиски резултат во износ од 593.789.542,00 денари; во 2002 година е остварен негативен финансиски резултат во износ од 223.226.113,00 денари.
Поради тоа, АД “Алумина“ Скопје нема да исплаќа дивиденда на своите акционери.