Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на друштвото Пелистерка АД Скопје, котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација на Македонска берза АД Скопје, поради необјавување на неревидиран биланс на успех за периодот 01.01-31.03.2023 година и консолидиран неревидиран биланс на успех за периодот 01.01.-31.03.2023 година во пропишаниот рок, со што издавачот не постапи согласно член 40, точка 2 од Правилата за котација.
Јавна опомена за котираното друштво Пелистерка АД Скопје
понеделник, 07 август 2023