Ве известуваме дека донесен е заклучок за внесување на издавачот Реплек АД Скопје на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.
Внесување на друштвото Реплек АД Скопје на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради усвоените одлуки за поделба на обичните акции и намалување на номиналниот износ на акциите и за измена и дополнување на Статутот на друштвото, донесени од Собранието на акционери на друштвото одржано на 25.04.2024 година.