На седницата одржана на 20.10.2016 година Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на котираното друштво Современ дом АД Прилеп. Мерката се изрекува заради ненавремено објавување на годишниот извештај за работењето и ревизорскиот извештај за 2014 година, необјавување на неревидираните неконсолидирани финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2015 година и ненавремено објавување на годишниот извештај за работењето во 2015 година, односно неисполнување на обврските согласно член 39 став (8) и член 40 став (1) и (3) од Правилата за котација.
Имајќи ги предвид надлежностите на Одборот на директори за спроведување на актите на Берзата, како и постојаните обврски на котираните друштва за известување согласно Правилата за котација, Одборот на директори на Берзата одлучи да постапи согласно член 51 став 1, алинеја 2 од Правилата за котација на Берзата и на друштвото Современ дом АД Прилеп да му изрече мерка јавна опомена преку интернет страницата на Берзата.
Јавна опомена за котираното друштво Современ дом АД Прилеп
понеделник, 07 ноември 2016