Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
вторник, 07 октомври 2008

 Согласно точка 6.03 од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:                

На 06.10.2008 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на:
- 86 сопствени обични акции по цена од 5.349 денари за една акција, преку 2 трансакции;
- 105 сопствени обични акции по цена од 5.350 денари за една акција, преку 3 трансакции;
 
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 06.10.2008година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Фершпед АД Скопје – 4.000 oбични акции,
- РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 50 oбични акции,
- РЖ Економика АД Скопје – 48 oбични акции,
- РЖ Институт АД Скопје - 13 oбични акции,
- РЖ Услуги АД Скопје – 414 oбични акции,
- АДГ Маврово Скопје – 25 oбични акции,
- Макстил АД Скопје – 1.125 oбични акции.