На седницата одржана на 12.08.2022 година Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на друштвото Неметали Огражден АД Струмица, котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација на Македонска берза АД Скопје, поради необјавување во целост на донесените одлуки од одржаното собрание на акционери, со што издавачот не постапи согласно член 39 став 7 од Правилата за котација.
Јавна опомена за котираното друштво Неметали Огражден АД Струмица
понеделник, 05 септември 2022