Организирање јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции
понеделник, 05 август 2013
Ве известуваме дека на 07.08.2013 година (Среда), на барање на членката НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции (согласно Анекс 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје), ќе се понуди за продажба пакет од 23 акции издадени од ТЕ-ТО АД Скопје што претставува 9,2% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 2.120.000,00 денари по акција преку моделот “се или ништо“.