Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на друштвото Пелистерка АД Скопје, котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација на Македонска берза АД Скопје, поради необјавување на неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2022 година во пропишаниот рок, како и поради необјавување на неревидирани консолидирани финансиски, со што издавачот не постапи согласно член 40, точка 3, алинеја 2 од Правилата за котација.
Јавна опомена за котираното друштво Пелистерка АД Скопје
понеделник, 05 јуни 2023