На седницата одржана на 04.08.2021 година Одборот на директори на Македонската Берза донесе одлука за котација на Дваесетта емисија на обврзници за денационализација.
Дваесетта емисија на обврзници за денационализација е со следните карактеристики:
- Вид на хартијата од вредност: Дваесетта емисија на обврзници за денационализација, издадена во дематеријализирана форма, гласи на име и е неограничено пренослива;
- Издавач: Република Северна Македонија;
- Вкупен износ на емисијата: 8.000.000 евра;
- Номинална вредност на една обврзница: 1,00 евро;
- Број на издадени обврзници во емисијата: 8.000.000;
- Датум на издавање: 04.08.2021 година;
- Каматна стапка: 2% годишно, на остатокот на расположивата главнина за отплата. Каматата се пресметува од 04.08.2021 година;
- Рок на достасување на обврзниците: 01.06.2031 година;
- Начин на отплата: Каматата и главнината се исплатува еднаш годишно, на 01.06., во период од 10 години, започнувајќи од 01.06.2022 година;
- Почеток на тргување со обврзниците: 09.08.2021 година, на Официјалниот пазар на Македонската берза;
- ИСИН: MKMINF200DK7;
- Шифра за тргување на Берзата: RMDEN20;