Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 04.08.2021 година донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од Охридска банка АД Скопје, поради престанок на друштвото како резултат на извршена статусна промена - присоединување. Акциите издадени од Охридска банка АД Скопје ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на Берзата (Берзанска котација), почнувајќи од 05.08.2021 година (Четврток).
Исклучување од котација на акциите издадени од Охридска банка АД Скопје
среда, 04 август 2021