ОТКУП НА СОПСТВЕНИ АКЦИИ И НЕТРГОВСКИ ТРАНСФЕР НА АКЦИИ НА КОТИРАНИ ДРУШТВА
среда, 04 јули 2018
Врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 03.07.2018 година ЗК Пелагонија АД Битола изврши откуп на:
-40 сопствени обични акции по цена од 2.850,00 денари за една акција, преку 2 трансакции.
-30 сопствени обични акции по цена од 2.857,00 денари за една акција, преку 1 трансакција.
На 03.07.2018 година Нова Стоковна Куќа АД Струмица изврши откуп на:
-36 сопствени обични акции по цена од 61.500,00 денари за една акција, преку 1 системска блок трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 03.07.2018 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва:
- Уготур АД Скопје - 37 обични акции
- Макстил АД Скопје – 765 обични акции
- РЖ Интертрансшпед АД Скопје–34 обични акции
- Бетон АД Штип - 115 обични акции
- Стопанска Банка АД Битола–321 обична акција