Имајќи го предвид член 166-б од Законот за хартии од вредност (Службен весник на РМ бр.95/2005, 25/2007, 7/2008 и 57/2010), согласно кој акционерските друштва и другите правни лица – издавачи на хартии од вредност, чии хартии од вредност не котираат на берза и не се водат во Регистарот за акционерски друштва со посебни обврски за известување, се должни да објавуваат податоци за своето работење на интернет страницата на овластена берза, Македонската берза АД Скопје на својата интернет страница подготви посебен дел на кој гореспоменатите друштва ги објавуваат законски пропишаните податоци.
До објавените известувања можете да пристапите преку интернет страницата на Македонската берза во делот “Објави согласно закон”.