Ве известуваме дека на 10.06.2009 година (Среда) по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции (согласно Анекс 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје), ќе се понуди за продажба пакет од 222.962 акции издадени од Бујото Инвест АД Скопје што претставува 99,95% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 1.800 денари по акција преку моделот “се или ништо“.
Внесот на продажната цена за пакетот акции го врши членката што го доставува барањето за организирање јавна берзанска аукција до 09:30 часот на 10.06.2009 година (Среда).
Внесот на куповните цени ќе се одвива на начин регулиран со Анексот 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје и ќе започне во 13:30 часот по следниот временски распоред:
13:30 – 13:35 фаза на индикација на интерес
Членката Илирика Инвестментс АД Скопје известува дека Информативниот Меморандум за понудата на акциите е објавен на интернет страницата на Бујото Инвест АД Скопје www.bujoto.com.mk.