На седницата одржана на 25.04.2016 година Одборот на директори на Македонската берза донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на котираното друштво РЖ Услуги АД Скопје. Мерката се изрекува заради необјавување на образложение кон неревидираните финансиски извештаи за 2014 година, ненавремено објавување на образложение кон неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-30.06.2015, како и заради необјавување на образложение кон неревидираните финансиски извештаи за 2015 година, односно неисполнување на обврските член 40 став (4) од Правилата за котација.
Имајќи ги предвид надлежностите на Одборот на директори за спроведување на актите на Берзата, како и постојаните обврски на котираните друштва за известување согласно Правилата за котација, Одборот на директори на Берзата одлучи да постапи согласно член 51 став (1) алинеа 2 од Правилата за котација на Берзата и на друштвото РЖ Услуги АД Скопје да му изрече мерка јавна опомена преку интернет страницата на Берзата.
Јавна опомена за котираното друштво РЖ Услуги АД Скопје
среда, 04 мај 2016