На седницата одржана на 25.04.2016 година Одборот на директори на Македонската берза донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на котираното друштво ДС Смитх АД Скопје. Мерката се изрекува заради заради ненавремено објавување на неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2014 како и заради необјавување на неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2015 година, односно неисполнување на обврските член 40 став (3) алинеја 2 од Правилата за котација.
Имајќи ги предвид надлежностите на Одборот на директори за спроведување на актите на Берзата, како и постојаните обврски на котираните друштва за известување согласно Правилата за котација, Одборот на директори на Берзата одлучи да постапи согласно член 51 став (1) алинеа 2 од Правилата за котација на Берзата и на друштвото ДС Смитх АД Скопје да му изрече мерка јавна опомена преку интернет страницата на Берзата.
Јавна опомена за котираното друштво ДС Смитх АД Скопје
среда, 04 мај 2016