Македонијатурист АД Скопје
петок, 04 април 2003
Согласно Договорот за котација, Македонијатурист АД Скопје, известува за следното:
1. Македонијатурист АД Скопје ги информира акционерите дека Собранието на акционери на својата седница одржана на 02.04.2003 година, го усвои дивидендниот календар.
2. Висината на дивидендата по акција изнесува 94,50 денари во бруто износ, односно 6,1% во однос на номиналната вредност.
3. Дивидендата ќе се исплати најбрзо во рок од 14 дена по завршување на седницата на Собранието на акционери.
4. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 10.04.2003 година.
5. Прв ден на тргување без право на дивиденда е 14.04.2003 година.
6. Датум на стекнување на правото на дивиденда е 16.04.2003 година.