Ново видео со менаџерско обраќање
петок, 31 мај 2024

Македонски Телеком АД Скопје е котирано друштво на Берзата кое преку Системот за електронски информации на котираните акционерски друштва на Берзата (СЕИ Нет) на 31.05. објави менаџерско обраќање во врска со годишните резултати од работењето за 2023 година.

Веста со видеото со менаџерското обраќање на Македонски Телеком АД Скопје е достапна на следниот линк: https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=68735

Берзата ги поттикнува сите котирани друштва при објавата на ревидираните финансиски извештаи за 2023 година преку СЕИ-Нет да објават менаџерско обраќање и преку синтетизирани податоци и видувања за своето работење презентирани од страна на топ менаџментот да придонесат за поголема информираност на инвеститорите и јавноста.